Почитувани,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, на 04.06. 2021 година (петок) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и Училишта од Државниот наторевар по географија за 2020/2021 година.
Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со почеток во 11:00.
За освоено прво место ученикот и менторот добиваат диплома, пофалница и лап топ.
За освоено второ место наградата е диплома, пофалница и по еден мобилен телефон, додека за освоено трето место покрај предвидените диплома и пофалница, ученикот и менторот добиваат по еден таблет.
Сите останати учесници добиваат пофалница за учество на Државниот натпревар, како и сите Училишта кои учествувале на натпреварот.

Почитувани колеги и ученици,

Ве известуваме дека датумот и времето за доделување на дипломите, пофалниците и наградите се одложува, поради објективно-технички причини. За терминот ќе бидете дополнително известени по разгледување на приговорите и објавувањето на конечната ранг листа.
За освоено прво место ученикот и менторот добиваат лап топ. За второ место наградата е мобилен телефон, а за трето место наградата е таблет. Сите останати учесници добиваат пофалница за учество на Државниот натпревар.

Правото на приговор имаат сите учесници и ментори согласно Правилникот и Пропозициите 90 минути од моментот на објавување на резултатите.

Државна комисија
Проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски
Проф. д-р Дејан Наковски
Бурим Алиу

01аа02a03a04a06a05a

 

КЛУЧ ОД ТЕСТОТ ЗА ДРЖАВЕН НАТПРЕВАР ПО ГЕОГРАФИЈА

Почитувани ученици и колеги,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2020/2021 година, ќе се одржи на 29.05.2021 година, во 11:00 часот во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Натпреварот ќе се реализира со физичко присуство и во согласност со добиените препораки од надлежните институции и Протоколот за организирање и изведување на натпревари.
Напоменуваме дека учениците треба да бидат присутни во 10:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Во прилог ви доставуваме Протокол и Програма за активностите на 29.05.2021 година
Ви посакуваме добро здравје и успех во натпреварувањето!